Влатко Грозданоски стана татко

Влатко Грозданоски стана татко

Фудбалерот Влатко Грозданоски стана татко! Неговата сопруга Христина на неговиот 36. роденден на свет ја донесе малата Мила, а породувањето поминало во најдобар ред и двете се чувствуваат добро.

,,Мојата сопруга ми го даде најубавиот роденденски подарок што можам да го замислам. Се роди нашата ќеркичка Мила”, се пофали фудбалерот на социјалните мрежи.

Инаку, со Христина која по професија е манекенка се венчаа во 2016 година, а претходно беа долги години во врска.