Владо Јаневски со концерт за неговата 25г. соло кариера

Владо Јаневски со концерт за неговата 25г. соло кариера

Најголемиот концерт на Владо Јаневски во неговата кариера ќе се одржи на 1 јуни, на стадионот на АРМ.

Концертот е по повод 25 години од соло кариерата на Владо Јаневски која започна со песната „Црно Тиквешко“, а после која следеа навистина безброј хитови што придонесоа Владо да биде во моментов најголемата машка музичка ѕвезда во Македонија.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн на веб страницата на ККЗС.