Вкусна и здрава пикантна чорба од домат!

Вкусна и здрава пикантна чорба од домат!

Чорбата од домати е старо, но многу вкусно јадење за кое не ви се потребни многу намирници, а вашето семејство и пријатели со сигурност ќе го обожуваат.

Во продолжение, ви ја откриваме тајната за совршената припрема на оваа чорба. Рецептот од искусните готвачи ќе ви покаже како да ја добиете онаа пикантна арома како во рестораните.

Потребни состојки:

• 500 гр. пасирани домати

• половина чаша пињоли

• 4-5 лажички маслиново масло

• една главица црвен кромид

• 4 чешниња лук

• една лажичка семки од анасон

• половина лажичка чили пиперка

• босилек, бибер, оригано

• половина чаша бело вино

Припрема:

1. Во пасираните домати додадете ги пињолите и миксирајте сè додека не добиете хомогена смеса.

2. Загрејте го маслото во поголем сад, во кој ќе го додадете ситно исецканиот кромид, лук, семките од анасон и чили пиперката.

3. Пржете околу 5 минути додека зеленчукот не омекне, а потоа додадете ги и доматите, зачините и виното.

4. Кога чорбата ќе почне да врие, гответе на тивок оган уште 5-6 минути додека аромите не се поврзат.

5. Зачинете ја чорбата со сол и бибер и по желба додадете уште лута пиперка. Пред сервирање, послужете со босилек.