Вистинското место за совршениот подарок Скопје Сити Мол!

Вистинското место за совршениот подарок Скопје Сити Мол!

Вистинското место за совршениот подарок Скопје Сити Мол!

Сигурно овие предновогoдшни денови Ве асоцираат и насочуваат кон купување на подарок за најмилите како и малку да ве понесене празнична атмосфера. Доколку барате шопинг и празнична атмосфера тоа сигурно ќе го најдете во Скопје Сити Мол кој секоја година се украсува се поубаво и поинтересно.

Штом ќе пристигнете ќе ја забележите огромната елка со пролаз каде сите посетители се фотографираат. Потоа џиновскиот поклон како потсетник што треба да направите овие празници. На првиот и втoриот спрат има уште три поставки за фотографирање за најмалите како и целокупното украсување во трговскиот центар кое е блескаво и навистина креира една прекрасна новогодишна атмосфера.

Остана уште малку од оваа 2020 година, која многумина од нас чекаме да помине како и овие денови да ги искористиме за нешо убаво и позитивно. Празниците не потсетуваат важните и убавите работи, да бидеме заедно со оние кои ги сакаме и најблиските, да подариме подарок на саканите и да уживаме во домот и празничната атмосфера.  И оваа зима покрај ситуацијата во која сите се наоѓаме, Скопје Сити Мол се погрижи посетителите да имаат прекрасна атмосфера додека посетуваат го најголемиот трговски центар во државата.

Повелете и уживајте во вашата  посета, забава, шопинг или фотографирање, ова е вистинското место за совршениот подарок под вашата новогодишна елка.

Во прилог неколку фотографии од што може да очекувате при вашата посета.