Вистински облини, несовршености и целулит во новата песна “Vai Malandra”

Вистински облини, несовршености и целулит во новата песна “Vai Malandra”

Една од најсексапилните бразилски пејачки, Анита предизвикала лавина од коментари на социјалните мрежи откако го објавила видеоспотот за својата нова песна.

Имено, Анита барала нејзиното тело во спотот за “Vai Malandra” да не се обработува, поради што истото за пет дена е прегледано повеќе од 42 милиони пати.

Најмногу се зборува за воведната сцена во која камерата е фокусирана на задникот на Анита, додека јасно се забележува целулитот на нејзините нозе. Бразилките ја пофалиле 24-годишната пејачка за храброста да ја покаже реалната убавина на бразилските облини онакви какви што навистина се.

Пејачката која е венчана за две години постариот претприемач Тиаго Маргалес, открила зошто се одлучила на ваквиот потег.

“Кога го видов својот целулит, се запрашав дали ми е навистина битен и зошто го кријам. Нема да губам време преправајќи се дека не постои. Сакам да бидам искрена кон својата публика и сакам жените да се чувствуваат посамоуверено”, изјавила Анита.

“Сакам луѓето да сфатат дека и ние сме луѓе. Јас сум жена како вас и не сакам да го кријам својот целулит, затоа и побарав тоа да не се случи”, додала пејачката која во видеото танцува во низа минијатурни бикини, од кои едното е направено од самолеплива лента.