Вилијам и Кетрин како вистински домаќини во Бакингемската палата

Вилијам и  Кетрин како вистински домаќини во Бакингемската палата

Принцот Вилијам и војвотката Кетрин беа домаќини на прием во Бакингемската палата.

Кралскиот пар го одбележа одржувањето на „Самиот за инвестиции Велика Британија – Африка“ со свечен банкет.

38-годишната Кетрин избра блескаво црвено издание. Фустанот од брендот Needle & Thread, таа го надополни со црвени салонки од Џанвито Роси и чантичка од една од нејзините омилени дизајнерки – Џени Пекам.

Кралицата Елизабета не беше присутна на свеченоста, која се одржува непосредно по финиширањето на спогодбата со принцот Хари и Меган Маркл за откажување од кралските должности.