Викторија Бекам во црна летна комбинација

Викторија Бекам во црна летна комбинација

Викторија Бекам речиси без исклучок носи облека од своето ателје, но понекогаш вметнува парчиња и од други брендови. 44-годишната дизајнерка привлече внимание во Лондон со стајлинг кој не е многу типичен за неа.

Имено, Бекам носеше долна облека во улога на маичка. Креацијата со чипка доаѓа од брендот Fleur du Mal додека долгото здолниште и очилата за сонце се нејзино дело.