Викторија Бекам со синот Бруклин на галата на Елтон Џон

Викторија Бекам со синот Бруклин на галата на Елтон Џон

Викторија и Бруклин Бекам ја поддржаа хуманитарната гала на Елтон Џон, организирана од неговата фондација за собирање на средства за борба против сидата.

На свеченоста, 44-годишната дизајнерка се појави во црна креација со длабоко деколте. Својот стилски избор таа го надополни со смарагден накит.

19-годишниот Бруклин изгледаше елегантно во класичен костум.

На настанот беше присутна и Елизабет Харли.