Викторија Бекам го прослави 45-тиот роденден

Викторија Бекам го прослави 45-тиот роденден

Викторија Бекам наполни 45 години и, како и секогаш, одбележа заедно со целото свое семејство.

Познатата дизајнерка го прослави својот роденден во друштво на сопругот Дејвид Бекам, четирите деца Бруклин, Круз, Ромео и Харпер и девојката на Бруклин, Хана.

Среќната славеничка сподели фотографија од семејниот собир и видеа од подароците кои ги добила од најмилите, пишувајќи дека го имала најневеројатниот ден.

„Најубавиот ден со моите најомилени луѓе на светот. Ве сакам многу, многу, многу. Бакнежи од една многу сакана мајка и сопруга“ – напиша Викторија.

За да ѝ посака среќен роденден, Дејвид објави нејзина фотографија на Instagram и во описот напиша: „Среќен роденден Мама… Имај го најубавиот ден, бидејќи заслужуваш да бидеш разгалувана од твоите малечки и од мене, се разбира“.

Таа покажа и дел од подароците кои ги доби на специјалниот ден.