Заборавена лозинка

Виктор Апостоловски во вторник го промовира својот нов албум

Некогашниот учесник на Идол, Виктор Апостоловски во вторник на 12 февруари ќе го претстави својот нов албум „Во срцето“, а промоцијата ќе се одржи во Студи Паб во 20:00 часот.

По четири години, Виктор ќе ги израдува своите обожаватели со неговиот втор студиски албум „Во срцето“, на кој се наоѓаат 10 песни, плус уште една песна како бонус. Тој е и автор на сите песни кои ќе се најдат на албумот.

За дел од песните направи и видео запис, а деновиве го снимаше и спотот за песната „Убиј ме“.