Виктор Апостоловски го објави спотот за „Убиј ме“

Виктор Апостоловски го објави спотот за „Убиј ме“

Талентираниот Виктор Апостоловски, кој пред само една недела го промовираше својот втор албум „Во срцето“, денес го објави и спотот за песната „Убиј ме“.

На промоцијата Виктор изведе дел од песните кои се најдоа на неговиот албум. Се заблагодари на сите што дојдоа и го поддржаа, а посебно до брат му Валентино Апостоловски, како и до Огнен Димовски и Дарко Тодоровски.

Како и до сега, така и оваа песна е негово дело, со музика, текст и аранжман. Видеото го сними со помош на Синиша Ќирковиќ – Сики и Владко Симоновски, во Фитнес центар – Магнус, а во главна улога се најде кикс бокс шампионката Викторија Варадинова.