Виери: Интер за две години ќе биде во ситуација да се бори со Јувентус

Виери: Интер за две години ќе биде во ситуација да се бори со Јувентус

Кристијан Виери, во разговор за Газета дело спорт, го изнесе своето мислење околу многу работи, меѓу кои и тоа како гледа кон Интер и каква екипа ќе има за две години.

Новинарите ги интересираше што Виери мисли за сегашниот Интер, играта на клубот и околу тоа како му изгледаат Нераѕурите по две години пауза во ЛШ.

Се гледа извесен напредок во однос на претходната година. Мислам дека Интер за две години ќе продолжи да се развива и ќе изгледа уште подобро, ќе биде во ситуација да се бори со Јувентус.

Оваа година тоа не е реално. За жал во Италија се уште се мисли дека Милан и Интер мора да се борат за титула, но тимот напредува и ќе биде се подобар – констатира Виери.