( Видео ) „Воините” уште еднаш го декласираа шампионот Кливленд

( Видео ) „Воините” уште еднаш го декласираа шампионот Кливленд

„Воините” уште еднаш го декласираа шампионот Кливленд, овој пат со 132-113 за 14 победа во низа во плеј-офот.

 Голден Стејт поведе со 2-0 во финалната серија против Кливледн откако утрово одново ја искористи предноста на домашниот терен за да забележи убедлив триумф од 132-113. За „Воините“ ова беше 14. победа во низа во плеј-офот, што е нов рекорд во НБА. Кевин Дурант беше прв стрелец во редовите на домаќините со 33 поени, а одлична вечери имаше и Стеф Кари со трипл-дабл учинок од 32 поени, 10 скокови и 11 асистенции. Леброн Џејмс беше најдобар поединец во редовите на Кливленд со 29 поени, 11 скокови и 14 асистенции. Следните два натпревари се играат во Кливленд.