ВИДЕО: FORD со креативна куќа за кучиња

ВИДЕО: FORD со креативна куќа за кучиња

Кој не сака огномет? За почеток, вашето куче можеби нема да го цени. Гласните експлозии можат да бидат главен извор на стрес за најдобриот пријател на човекот – ако не и извор на страв што може да предизвика вашето куче да избега и да не се врати. Загрижени сопственици на миленичиња бараа начин да ги заштитат своите сакани животни.

Noise-Cancelling Dog Kennel е креативна куќа изработена од компанијата Ford.

“СЕ ПРАШУВАВМЕ КАКО ТЕХНОЛОГИИТЕ ШТО ГИ КОРИСТИМЕ ВО НАШИТЕ АВТОМОБИЛИ БИ МОЖЕЛЕ ДА ИМ ПОМОГНАТ НА ЛУЃЕТО ВО ДРУГИ СИТУАЦИИ. ОСИГУРУВАЈЌИ ДЕКА КУЧИЊАТА И НИВНИТЕ СОПСТВЕНИЦИ БИ МОЖЕЛЕ ДА УЖИВААТ ВО ДЕНОВИ КОГА ИМА БУЧАВА И ЌЕ БИДАТ БЕЗ СТРЕС, СЕ ЧИНЕШЕ КАКО СОВРШЕНА АПЛИКАЦИЈА ЗА НАШИОТ СИСТЕМ ЗА КОНТРОЛА НА БУЧАВА, А ИМАМЕ УШТЕ НЕКОЛКУ ИДЕИ ЗА ТОА КАКО НАШИОТ СЕКОЈДНЕВЕН ЖИВОТ МОЖЕ ДА ИМА КОРИСТ ОД ЗНАЕЊЕТО НА КОМПАНИЈАТА FORD”, ОБЈАСНУВА МЕНАЏЕРОТ ЗА МАРКЕТИНШКИ СОДРЖИНИ И КОМУНИКАЦИИ ЗА FORD OF EUROPE, ЛИН ВЕСТ

Куќата работи со користење на микрофони за откривање на звуците на огномет (или други гласни звуци). Вградениот аудио систем потоа ги емитира спротивните фреквенции за да ја исклучи бучавата. Плута со висока густина е вградена во дизајнот за понатамошно намалување на бучавата. Има дури и автоматска врата.