Ви го претставуваме Mi Watch Revolve паметниот часовник

Ви го претставуваме Mi Watch Revolve паметниот часовник

Xiaomi го одржа својот Smarter Living 2021 настан, во текот на кој компанијата го најави Mi Watch Revolve паметниот часовник.

Mi Watch Revolve пристигнува со куќиште од нерѓосувачки челик, има 1,39-инчен AMOLED дисплеј со над 100 позадини и го користи MIUI for Watch софтверот. Тука се вообичаените режими на следење на фитнес елементи, GPS, Bluetooth 5.0 i NFC. Присутен е и мерач на кислород во крвта, мерач на отчукувањата на срцето и следење на спиењето.

Паметниот часовник има 5ATM отпорност на вода, работен век на батеријата од 14 дена (22 дена во endurance мод). Цената на Mi Watch Revolve часовникот изнесува околу 149 долари, а продажбата почна од 6. септември.