Веселин Вујовиќ се соочува со семејна загуба неколку дена пред мечот против Унгарија

Веселин Вујовиќ се соочува со семејна загуба неколку дена пред мечот против Унгарија

Веселин Вујовиќ се соочува со семејна загуба, на неколку дена пред мечот против Унгарија во бараж средбата.

Утрово починала мајката на Веселин Вујовиќ, кој сигурно ќе биде видно вознемирен пред двомечот против Унгарија.

Последните информации од Словенија зборуваат за тоа дека Вујо сепак не заминал на погребот на својата мајка, бидејки во полн ек се подготовките за мечот со Унгарија.

Првиот меч ќе се одигра утре, додека реваншот е за 4 дена, кога Словенците гостуваат во Веспрем.