Вернер дефинитивно заминува

Вернер дефинитивно заминува

Ред Бул Лајпциг потврдиле дека ова лето напаѓачот Тимо Вернер ќе замине од клубот. Германскиот репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен.

Вернер (23) одбил да го продолжи договорот со Лајпциг, поради што во клубот решиле да го продадат во летниот преоден рок.

„Немавме избор, сакавме да му го продолжиме договорот, не успеавме во тоа. Не сакаме да чекаме да ми истече договорот. Сакаме да заработиме што е можно повеќе пари од трансферот“, рекол генералниот директор на Лајпциг, Оливер Минтзлаф.

Германските медиуми пишуваат дека Вернер, одбил трансфер во Ливерпул и се договорил со Баерн Минхен. Вредноста на трансферот ќе изнесува 40 милиони евра.