Венчаницата на Меган Маркл чини 400.000 долари

Венчаницата на Меган Маркл чини 400.000 долари

Принцот Хари и Меган Маркл вчера стапија во брак.

Се зборува дека фустанот чинел неверојатни 400.000 долари.

„Можеби звучи прескапо но тоа е венчавка на годината и стотина часови се вложени во рачната изработка на овој прекрасен фустан“, рекоа од кралското семејство.

Меган носи венчаница на британската дизајнерка Клер Вејт Келер, соопшти Кенгсингтонскат апалата. Невестата дизјанот го избра уште во јануари, а на 9 мај беше соопштено дека фустанот е готов и се крие во Виндзор.

Долгиот бел фустан со долги ракава, со „чамец деколте“, како што носеше Одри Хепберн и голем вел со месеци ги интригираше фановите на кралското семејство ширум светот.

Вејт Келер минатата година стана прва жена директор во славната француска модна куќа „Живанши“.

Невестата се појави речиси без шминка, со природен изглед.

Прстенот е од велшко злато, подарок од кралицата Елизабета. Прстенот на принцот ќе биде од платина.

Двата прстени се направени во златарата „Клив енд Компани“, која го изработи и вереничкиот прстен на Меган Маркл.