Вељко и Богдана ги споделија впечатоците од свадбата

Вељко и Богдана ги споделија впечатоците од свадбата

Иако поминаа неколку дена од свадбата на синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ,  медиумите не престануваат да пишуваа за свадбата на деценијата.

Меѓутоа, сега се огласија и тазе сопружниците и го прокоменитраа својот најважен ден во животот. Во изјава за српкиот магазин „Hello“ прво Вељко и Богдана ги споделија впечатоците од најважниот ден во нивниот живот.

„Пресреќен сум, се трудевме максимално да ги испочитуваме српските обичаи и драго ми е што успеавме во тоа. Сите уживавме. Ако морам да го опишам со еден збор, тогаш тоа е соврешно“  вели Вељко, а Богдана додава:

„Мислам дека тоа е најдобриот опис на нашата венчавка. Уживавме секој момент,посебно во веселбата со најдрагите луѓе која траеше до раните утрински часови“.