Вејн Руни стана татко по четврти пат!

Вејн Руни стана татко по четврти пат!

Познатиот англиски фудбалер Вејн Руни стана татко по четврти пат, од како неговата сопруга, Колин Руни доцна синоќа објави дека го родила нивното четврто дете, а нивните синови Кај, Клеј и Кит се пресреќни што добиле брат.

31 годишната мајка објавила на Твитер дека родила здраво дете, а исто така го сподели и името на малото бебе, односно Кас Мек.

Треба да се напомене дека за време на бременоста на Колин се случуваа голем број на скандали, започнувајќи од пијанството на Вејн, допишувањето и наводната афера со старлетата Лаура Симонс.

Интересно е тоа што Колин непосредно пред Божиќ одлучила да му прости на Вејн и повторно да бидат семејство. Инаку Колин го имаше напуштено заедничкиот дом со Вејн и одредено време живеела со нејзините родители, сè додека Вејн сфатил дека мора да преземе сериозни мерки за да му се врати семејството.

“Вејн е одличен татко, а грешките кои ги правел се глупави и не размислувал претходно. Во неговата љубов и приврзаност, ниту децата ниту јас никогаш не се посомневавме”, рекла Колин Руни.