Вејн Руни приведен во полиција!

Вејн Руни, поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Англија,  бил уапсен поради возење во алкохолизирана состојба во близина на својот дом во Чешир.

Руни, кој за Англија има одиграно 119 натпревари, бил запрен од полицијата вечерта во четвртокот, објави „Мирор“.

Руни, кој ова лето се врати во Евертон, во Чешир живее во последните 12 години на имот вреден шест милиони фунти.

Неговата куќа во Чешир се наоѓа недалеку од тренинг-центарот на Евертон во Финч Фарм.

Ова не е првпат Руни да има проблеми со алкохолот во текот на својата импресивна професионална кариера.

Во ноември минатата година, според „Мирор“, по квалификацискиот дуел помеѓу Шкотска и Англија, на една свадба било видливо дека тешко оди и дека не може да зборува.