Вечерва концерт на Мугер Фугер во МКЦ

Вечерва концерт на Мугер Фугер во МКЦ

Алтернативниот бенд Мугер Фугер вечерва ќе го промовира својот нов албум насловен „Татко“, со почеток од 21 часот, во Младинскиот Културен Центар во Скопје. 

Десетиот албум на Мугер Фугер содржи 10 песни, а е снимен и миксан во студиото „Тра Ла Ла“, и продуцент е Мите Димовски.

Во подготовка на новиот албум учествуваат Сеад Хаџиќ Сецко, Огнен Мангаровски, Сашо Митревски, Никола Кузмановски, Огнен Златанов, Џано Куч, а како вокали ќе настапат Горан Трајкоски, Ристе Солунчев, Сашко Костов ,Елена Христова, Снежана Стојчевска, Ристе Гоцев, Идриз Амети, Јон Ајдини и Џабир Дерала.

Концертот ќе се одржи во Денсинг салата во МКЦ и влезот е слободен.