Васил Зафирчев напиша емотивен статус за Златко Славенско

Васил Зафирчев напиша емотивен статус за Златко Славенско

Васил Зафирчев напиша емотивен статус преку кој се збогува од режисерот Златко Славенско кој почина вчера.

„Денес не напушти уште едно големо име на нашиот театар. Златко Славенски. Режисер и професор. Ретко добар човек и голем интелектуалец меѓу режисерите. Со него секој разговор беше длабока инспирација, а секоја соработка вонредно задоволство и уживање. Му благодарам за пријателството, укажаната доверба и провокативните актерски предизвици. Велеше дека сé e светлина, а сите ние остатоци од ѕвездите кои веќе не постојат. Нека му е вечна светлината и ѕвезден трагот кој го остави!“ – напиша Зафирчев на Фејсбук.

Посмртните останки на театарскиот и филмски режисер и професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Златко Славенски ќе бидат изложени на 10.04.2019 година (среда), од 13 до 14 часот во капелата на Градските гробишта во Бутел, а потоа ќе биде погребот.

Комеморацијата ќе се одржи на 11.04.2019. (четврток), во 12 часот на Факултетот за драмски уметности во Скопје.