Варшава го доби петтиот Audi City во светот

Варшава го доби петтиот Audi City во светот

Во салонски простор со помали димензии, но во срцето на Варшава, отворен е петтиот Audi City во светот. Виртуелната реалност од корен го менува концептот на авто салоните на иднината.

Audi City Varsava Polska 3

Audi прави премиум карактерот на марката да се чувствува уште повеќе во салоните. Во срцето на полската престолнина е отворен петтиот Audi City во светот. На површина од 530 метри квадратни, купувачите можат да ја осознаат целосната моделска понуда на Audi со користење на виртуелна реалност.Премиум марката на концернот Volkswagen уште во 2012 година започна со отворање на таканаречени Audi City, со идеја возилата да се прикажат виртуелно на градските локации со најголема раздвиженост на луѓето, во самите градски јадра. Таму е прескапо да се распосле комплетната гама и потребно е многу простор, што е апсолутно неизводливо во светските метрополи. „Градовите на Audi“ имаат релативно помала површина, но преку примената на напредна технологија, ништо не им се ускратува на купувачите од тоа што ќе го добијат во салоните, кои обично се далеку од центарот.

Варшавскиот Audi City е петти во светот, по Берлин, Истанбул, Москва и Париз

Варшавскиот Audi City има два ката, со помалку нагласок на неколкуте изложени автомобили, а повеќе нагласок на виртуелната реалност. На неколку станици, со користење на VR-очила, може да се конфигурира идното возило, да се изберат опциите и можностите за оставање личен печат во изгледот на возилото.

Audi City Varsava Polska 2

Договарањето на начинот на плаќање и потпишувањето на договорот се врши во комплетно дигитализирани модули, таканаречени „Customer Private Lounges“. Новиот салон во Варшава прави чекор напред и во поглед на ефикасноста, затоа што во него за четирипати се смалени трошоците за енергија, хардвер и работа.

Audi City Varsava Polska 4