Вардар уште еднаш ја освои титулата во СЕХА лигата

Вардар уште еднаш ја освои титулата во СЕХА лигата

Ракометарите на Вардар се старо-нови шампиони во СЕХА регионалната лига, откако вечерва во големото финале го победија составот на ППД Загреб со 26-23 (14-12).

Македонскиот шампион во седмото финале сосема заслужено дојде до петтиот триумф во ова натпреварување. Четата на Роберто Гарсија Парондо уште еднаш покажа дека во овој момент е поквалитетен тим од Загреб, па за десеттина дена по трет пат го надигра хрватскиот првак.

Криштопанс со седум голови беше најдобар стрелец, Скубе и Дибиров дадоа по 5 голови, голманот Милосављев запиша 7 одбрани. Единствената лоша вест за „црвено-црните“ е повредата на Дисингер, повреда по која тешко дека ќе се врати на терените во оваа сезона.

Мраковчиќ со 4 голови беше пак прво име кај „плинарите“.