Вардар со победа над Металург

Вардар со 32:23 го победи Металург во македонското дерби во рамките од првото коло на СЕХА лигата.

Вардар покажа дека се уште е далеку подобар противник од Металург кој имаше свои моменти на денешниот натпревар, но беше многу далеку од изненадување.

Металург беше во игра само во првите минути, при резултат од 3-3, Вардар направи серија од 7-1 и дојде до висока предност од шест голови разлика.

Вардар доминираше а Металург се обидуваше да стигне, на полувремето се замина со водство на шампионот од 16:11.
Во второто полувреме Металург најмногу што успеа да направи е да дојде до негатива од три разлика 21:18, но во финишот од натпреварот беше комплетно разбиен, па Вардар победи со 32:23.