Вардар ќе одигра натпревар во Скопје за последен пат со актуелниот состав

Вардар ќе одигра натпревар во Скопје за последен пат со актуелниот состав

Македонскиот женски ракометен шампион Вардар ќе одигра натпревар во Скопје за последен пат со актуелниот состав.

Тоа ќе биде мечот со Митјиланд во рамките на Лигата на шампионите.

Вардар започнува со предност од еден гол, така што во финалниот турнир оваа сезона вардарки можат да се квалификуваат и со нерешен резултат.

Тренерот бара да не се повторуваат грешките од првиот меч и ракометарките да се стремат кон победа.

Натпреварот се игра утре со почеток од 17 часот.