Ванеса Хајдон побара развод од Доналд Трамп Џуниор

Ванеса Хајдон побара развод од Доналд Трамп Џуниор

Ванеса Хајдон, сопруга на најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп, покрена постапка за барање развод од нејзиниот сопруг, Доналд Трамп Џуниор.

Двајцата беа во брак од 2005 година и имаат пет деца. Трамп Џуниор е еден од најблиските соработници на неговиот татко – денес тој главно е вклучен во семејниот бизнис – а беше вклучен и во претседателската изборна кампања.

Трам Џуниот беше инволвиран и во одржувањето на коресподенција со некои претставници на руската влада кои ветија дека ќе ги предадат на Трамп компромитирачките материјали за Хилари Клинтон.

Трамп Џуниор и Хајдон, кои беа модел за среќен пар пред да стапат во брак, сега дадоа заедничка изјава во која се потврдува разводот:

„По 12 години брак решивме да тргнеме секој по својот пат. Секогаш ќе имаме огромна почит еден кон друг и за нашите семејства; заедно создадовме пет убави деца, кои ќе останат на врвот на нашите приоритети“, пишува во изјавата.