Валверде:Се разбира дека тимот зависи од Меси-тој е најдобриот фудбалер во светот

Валверде:Се разбира дека тимот зависи од Меси-тој е најдобриот фудбалер во светот

Ернесто Валверде признава дека неговиот тим зависи премногу од услугите на Лео Меси.

Аргентинецот синоќа на гостувањето кај Вилјареал имаше една од клучните улоги во неверојатниот натпревар, кој Барселона беше на работ да го загуби, но потоа Аргентинецот вмеша прсти со фантастичен погодок, а работата до 4;4 ја заврши Суарез.

На Валверде не му беше проблем да каже дека Барселона зависи од Меси.

Се разбира дека тимот зависи од Лео Меси, тој е најдобриот светски фудбалер. Меѓутоа, мора да бидеме свесни дека и без него мора да играме на ист начин, да бидеме на високо ниво постојано. Во првиот дел ни одеше добро, се чинеше дека екипата лесно ќе дојде до победа, но не изгледаше подоцна така – констатира Валверде.

По ремито, Барселона има осум бодови повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид, кој во сабота гостува на Камп Ноу.