Валверде: Не се пронајдовме себеси во ниту еден момент!

Валверде: Не се пронајдовме себеси во ниту еден момент!

Рома со сензационален триумф од 3:0 ја елиминираше Барселона и се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Тренерот на Барселона призна дека Римјаните биле подобар противник и дека неговата екипа едноставно немала никаков одговор.

Едноставно немавме одговор. На нив се им појде од нога, а ние се мачевме со организацијата на играта. Со пресинг не принудија да ја исфрламе топката и ние едноставно немавме простор да ја играме нашата игра – изјави Валверде и додаде:

Тие беа неверојатно агресивни, започнаа силно и ние имавме многу проблеми со таквиот пристап. Не се пронајдовме себеси во ниту еден момент и затоа мораме да им честитаме за победата – изјави Валверде.