Вака изгледаат ѕвездите од „Брилијантин“ 40 години подоцна

Оваа година навршуваат 40 години од првото прикажување на еден од најромантичните филмови на сите времиња – „Брилијантин“.

Џон Траволта и Оливија Њутн-Џон, актерите кои влегоа во улогите на Дени и Сенди во култниот филм од 1978 година, се сретнаа повторно на гала во Лос Анџелес.

63-годишниот актер и 69-годишната актерка и пејачка заедно одржаа говор на сцената.

Оливија во мај минатата година откри дека по вторпат се бори со рак. Имено, 25 години откако првпат ѝ бил дијагностициран рак на дојка, докторите откриле дека ракот се вратил и дека метастазирал во крстната коска.

И покрај здравствените проблеми, Оливија со ведра насмевка освојува каде и да се појави. „Немам повеќе болки и среќна сум што можам да работам повторно“ – изјавила таа во ноември минатата година.