Вака изгледа вилата на Никол Шерцингер на Хаваите

Вака изгледа вилата на Никол Шерцингер на Хаваите

Пејачката Никол Шерцингер ја продала својата куќа на Хаваите и тоа за 1,35 милиони долари.

Првобитната цена изнесувала 1,39 милиони долари, но пејачката одлучила да ја продаде вилата за малку помала цена. “Тропскиот рај”, како што многумина го нарекуваат поранешниот дом на славната пејачка, е изграден во 2014 година, на 3.475 квадратни метри.

Домот се состои од четири спални соби, пет купатила, дневна соба и голема кујна со централен “остров”.

Во куќата се наоѓа и уметничко студио, додека дворот претставува вистински рај. Пространиот базен и кабината со вградена скара е вистински одмор за душата.

Куќата има неверојатен океански поглед – погледнете ги фотографиите.