Вака Џеј Зи и го честита роденденот на својата сопруга Бијонсе

Бијонсе денес наполни 36 години, а сопругот поради таа причина и приреди пријатно изненадување.

Џеј Зи за време на својот настап, со публиката ја сподели својата љубов кон сопругата. Јавните изјави на љубов ја фрлија публиката во транс.

Голем поздрав до Бијонсе. Преубава Биј е тука вечер со нас. Среќен роденден љубов моја – извика тој од бината, мафтајќи кон сопругата и ќерката.

На оваа честитка набрзо и се придружи и публиката, па на цел глас запеаа роденденска песна, додека Бијонсе пред бината играше со малечката Ајви.