Уште една ноќ за памтење на Никола Јокиќ

Уште една ноќ за памтење на Никола Јокиќ

Никола Јокиќ ги живее своите најубави денови во НБА лигата.

За само неколку дена оствари уште еден трипл-дабл, сега до 30 поени, 15 скока и 17 асистенции, а Денвер го победи Милвоки со 134:123.

Но, тоа не е се. До трипл-дабл тој дојде за рекордно кратко време од 14 минути и 33 секунди, надминувајќи го досегашниот рекорд на Џими Такер од 1955 година кој изнесуваше 17 минути. Ова е 11. трипл-дабл на Јокиќ во НБА кариерата, четврти во последните 20 дена.

Меѓу другото, тој го помина и Расел Вестбрук кој два пати стигнуваше до ваков ефект пред крајот на првото полувреме.