Уште една брилијантна вечер на Лука Дончиќ

Уште една брилијантна вечер на Лука Дончиќ

Лука Дончиќ повторно ја демонстрираше својата моќ. Во четвртата најубедлива гостинска победа на Далас во историјата откако настрада Шарлот со 122-84.

Словенецот учествуваше со шестиот дабл-дабл учинок во својата деби сезона во НБА.

Особено импресионира она што Дончиќ до своите 18 поени и 10 скока дојде за само три четвртини, поточно 25 минути игра. Додаде уште и четири асистенции а од игра погоди 7/16, за тројка 3/7.

Со оглед на тоа што Далас во пресрет на последната четвртина имаше 29 коша предност, Дончиќ доби слобода до крајот и мечот го гледаше од клупата за резервни играчи.