УЕФА одлучи да не го санкционира испадот на Серхио Рамос

УЕФА одлучи да не го санкционира испадот на Серхио Рамос

УЕФА одлучи да не го санкционира испадот на Серхио Рамос кој иако суспендиран одлучи да се симне на клупата на Реал и оттаму да го бодри својот тим во дуелот со Јувентус.

Во образложението се вели дека ниеднаш не стапнал на ниво на кое се наоѓа теренот, односно дека натпреварот го следел од делот под трибината. Се разбира, тоа нема никаква врска со логиката затоа што стадионот на Реал Мадрид е таков што тунелот од соблекувалната на домашниот тим излегува веднаш до клупата за резервни играчи и Рамос, практично, стоеше веднаш зад Зидан.

Така, капитенот на Реал ќе може да игра против Баерн во полуфиналето во кое кралскиот клуб ќе се обиде да стигне до третото финале во низа и четврто во последните пет години.