„Убиство во Ориент Експрес“ од 10 Ноември во кино салите!

„Убиство во Ориент Експрес“ од 10 Ноември во кино салите!

На 10-ти ноември во сите кино сали ширум светот ќе се може да се погледне новата филмска адаптација на една од најчитаните книги на Агата Кристи, „Убиството во Ориент експрес“.

Филмот е во режија на Кенет Брана, а главните улоги ги толкуваат Џони Деп, Пенелопе Круз и Мишел Фајфер . Освен како режисер, Брана се појавува и во улогата на најпознатиот јунак во делата на Кристи, детективот Херкул Поаро.
Убиството кое мистериозно се случува во возот, отвора голема работа за детективот. Доколку сте ја прочитале книгата сигурно знаете што се случува понатаму, а доколку не тогаш останува да го погледнете филмот кога ќе започне да се прикажува во киносалите.