Убавата внука на принцезата Дијана мами воздишки

Убавата внука на принцезата Дијана мами воздишки

Кити Спенсер успешно се проби во модната индустрија.

28-годишната внука на покојната принцеза Дијана привлече големо внимание на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл и оттогаш е редовно ангажирана од врвните модни брендови.

Шарматната припадничка на британското кралско семејство присуствуваше на доделувањето на наградите Town & Country Jewelry во Њујорк.

На свеченоста, Кити се појави во црн фустан од Долче и Габана и луксузен накит од Bulgari. Таа соработува и со двата брендови и е дел нивните рекламни кампањи.