Убавата глумица повторни ги собра сите погледи кон неа!

Убавата глумица повторни ги собра сите погледи кон неа!

Секиспилната глумица Дакота Џонсон и понатаму го користи добро испробаниот трик за заведување.

27 – годишната ѕвезда од филмовите “50 Shades of Grey” и “50 Shades Darker”, честопати знае да одбере фустан со длабоко деколте кога се појавува на црвениот тепих, а тоа го докажа и овој пат на модните награди во Милано.

Кога се појавила во раскошниот црн фустан од модната куќа Гучи, сите погледи биле вперени во неа.  Доста предизвикувачкото деколте на глумицата ги засени сите други кои се појавиле на црвениот тепих. Ова не е првпат младата глумица да искористи ваква прилика па Дакота досега имала повеќе вакви изданија, вклучувајќи ја и црната тоалета која ја носела на Мет Галата.

Таква слична тоалета со исто длабоко деколте носела и на забавата на Vanity Fair, после доделувањето на Оскарите. Очигледно е дека Дакота е голем љубител на ваков тип на фустани бидејќи речиси постојано можеме да ја погледнеме во вакви модни креации.