Twitter ќе започне со промени

Twitter ќе започне со промени

Социјалната мрежа Твитер предупреди дека ќе ги отстрани профилите на корисниците кои немаат пристапено на мрежата шест месеци.

Од Твитер истакнуваат дека ако сакаат да го зачуваат профилот, корисниците треба да се логираат најдоцна до 11 декември.

Одлуката за отстранување на профили компанијата ја објаснува со потребата на корисниците да им понуди веродостојни информации.

Изданието наведува дека во Твитер се надеваат дека ќе ги натераат корисниците на поголема активност на мрежата ако тие отворат свој профил таму.

Компанијата укажала дека бришењето на профили ќе трае неколку месеци. Имињата на профилите што ќе бидат избришани може да станат достапни на нови корисници, но компанијата не одговори кога може да се случи тоа.

Според „Би-би-Си“, налозите кои автоматски испраќаат вести и различни известувања, исто можат да бидат избришани ако тие останат неактивни до 11 декември. Се вели дека отстранувањето на профилите нема да влијае на вкупниот број на корисници на мрежата.

Покрај неактивните корисници, ќе бидат отстранети и профилите на сопственици кои починале и раководството на Твитер на ја исклучува можноста овие профили да ги остави во спомен на починатите, како што тоа го прави Фејсбук.

После ревизијата за период од неколку години наназад, се дозна дека од 2015 година бројот на корисници на Твитер се намалувал за 1 милиони месечно. На социјалната мрежа сега се регистрирани 145 милиони луѓе. Компанијата призна дека бројот на корисници бил преувеличен, а тоа било резултат на активнст на текстуални апликации од трети страни.