Турската актерка Бергузар Корел дама со стил

Турската актерка Бергузар Корел дама со стил

Бергузар Корел гостуваше во празнична емисија. Турската актерка, која кај нас е најпозната по улогите на Шехерезад и Азизе во сериите „1001 ноќ“ и „Далеку од дома“, пееше во специјалното издание на шоуто „The Voice Turkey“, во кое се натпреваруваа и други славни личности од Турција.

На сцената, 37-годишната ѕвезда изгледаше прекрасно во црно-бела креација на едно рамо. Бергузар го очекува второто дете со актерот Халит Ергенч со кого е во брак 10 години.