Црвена ѕвезда со победа против Партизан

Црвена ѕвезда за која настапува поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ, го совлада Партизан со 100:84.

Антиќ одигра 24 минути и постигна 13 поени со осум скокови од кои пет офанзивни.

Партизан во сите четири четвртини постигна по 21 поен, но црвено-белите беа поефикасни во три периоди и на крајот заслужено се радуваа.

Најзаслужен за победата на бранителот на трофејот беше Милко Бјелица со 29 поени.