Црвена Звезда го урна големиот Ливерпул на Маракана!

Црвена Звезда го урна големиот Ливерпул на Маракана!

Фудбалерите на Црвена Звезда го шокираа Ливерпул и оставрија сензационална победа од 2-0 во натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите.

Резултат со слика за црвена звезда ливерпул

Српскиот шампион ги искористи своите шанси, покажа голема посветеност, борбеност низ сите 90 минути и тоа им донесе голем резултат кој ќе се памети и уште долго нема да го заборават навивачите на „црвено-белите“. Клучните моменти на средбата во Белград се случија во првиот дел, а во главна улога беше Милан Павков.

Напаѓачот два пати ги матираше „црвените“, прво со глава во 22 минута за да потоа со масјторски одмерен удар го зголеми водството во 29 минута. Потоа премиерлигашот притискаше, меѓутоа не успеа да се наметне онака како умее и знае, но за тоа имаат вина и домашните играчи кои се бореа за секој сантиметар на теренот, за секоја топка во секој момент.

Овој резултат дополнително ќе ја разгори битката во групата Ц во која вечерва ќе ги одмерат силите Наполи и ПСЖ.

На вториот натпревар од терминот 18:55 часот, Монако беше понижен од Бриж пред своите гледачи со 4-0. По само 24 минути игра гостите водеа со 3-0 преку Ванакен (2) и Весли за да во вториот дел точка на претставата стави Вормер во 85 минута.