„ЦРНИОТ ПАНТЕР“ ЗАРАБОТИ 192 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ЕДНА НОЌ!

„ЦРНИОТ ПАНТЕР“ ЗАРАБОТИ 192 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ЕДНА НОЌ!

 „Црниот Пантер“ ги оправда високите очекувања и растури на кино-благајните, заработувајќи 192 милиони долари на своето деби во САД и Канада.

„ЦРНИОТ ПАНТЕР“ РАСТУРИ НА ПРЕМИЕРАТА СО ЗАРАБОТЕНИ 192 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Новиот хит на „Марвел“ стана филм со петта најголема заработувачка при премиерно прикажување, зад „Војна на ѕвездите: силата се буди“, „Војна на ѕвездите: последниот Џедај“, „Светот на јура“ и „Одмаздници“.

Од компанијата „Дизни“ проценуваат дека тој ќе заработи 218 милиони долари во домашните кина за празничниот продолжен викенд и 361 милион на глобално ниво. Иако допрва треба да дојде во Кина, Јапонија и Русија, „Црниот Пантер“ веќе влезе меѓу 15-те филмови со најуспешна светска премиера на сите времиња.

Филмот на Рајан Куглер чинеше 200 милиони долари, што го прави најскап филм на сите времиња со доминантно црна актерска постава.