Цеца емотивно проговори за сообраќајката на Вељко

Цеца емотивно проговори за сообраќајката на Вељко

По убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан во 2000-та година Цеца доживеа голема трагедија и тажни моменти кои следувале потоа.

„Најтешкиот момент ми беше кога Вељко имаше сообраќајна несреќа во Кипар, а јас не можев да одам таму бидејќи бев во домашен притвор, ниту сестра ми можеше“, раскажува Цеца во интервјуто за српски Скандал.

Цеца вели дека цела ноќ биле на Скајп и дека тоа било морничаво бидејќи таа како мајка не можела да биде до нејзиното дете.

„Мојот братучед Милан ми се јави и ми кажа дека браникот на Вељко му го исекол рамото и вратот. Умрев од страв тогаш, тоа ми е најтежок момент во животот.“