Целото семејство на Џон Траволта за прв пат во јавноста

Целото семејство на Џон Траволта за прв пат во јавноста

Џон Траволта и Кели Престон со своите најмили се појавија на црвениот тепих во Кан. Ова е прво појавување на семејството заедно на јавна свеченост.

64-годишниот актер и 55-годишната актерка гордо позираа покрај 18-годишната ќерка Ела и 8-годишниот син Бенџамин.

Славниот пар имаше и уште еден син, Џет, кој почина пред 9 години на 16-годишна возраст.

За големата семејна трагедија Траволта имаше изјавено дека е најлошото нешто што му се има случено. Џет почина за време на семеен одмор на Бахамите во 2009 година. Неколку години подоцна, Кели сподели дека тој бил аутистичен, дека постојано имал напади и дека на 2 години страдал од Кавасаки синдром. Во процесот на надминување на големата загуба, на семејството му помогна раѓањето на Бенџамин.