Цела Холандска лига со поддршка за Ајакс

Цела Холандска лига со поддршка за Ајакс

Голема еуфорија владее во Холандија, а причината е Ајакс.

MADRID, SPAIN – MARCH 5: (L-R) Hakim Ziyech of Ajax, Daley Blind of Ajax, Noussair Mazraoui of Ajax, David Neres of Ajax celebrate the 0-2 during the UEFA Champions League match between Real Madrid v Ajax at the Santiago Bernabeu on March 5, 2019 in Madrid Spain (Photo by Erwin Spek/Soccrates/Getty Images)

Копјаниците се најголемиот хит во Лигата на шампионите сезонава, откако успеаја да се пласираат во полуфиналето каде ги очекува Тотенхем.

Колкава поддршка имаат во својата земја покажува и фактот дека сите тимови во Ередивизија се сложија комплетното 33. коло од холандскиот шампионат да се помести за крајот на сезоната.

Таа рунда требаше да се одигра на 28. април, но ќе биде поместена за 15. мај.

Копјаниците тогаш гостуваат кај Де Графшап, па играчите ќе имаат повеќе време да се одморат за дуелот со Англичаните кој е закажан за 30. април.