Трите работи кои се забранети во цртаните филмови на Disney

Некои филмови на “Disney” содржат сцени како заговорот за убиство меѓу Скар и хиените во: „The Lion King“ или ловецот кој се подготвува да ја убие Снежана во “Snow White“ кои што се трогателни.

Но, во реалноста, тоа не е така. Денес постојат правила што смеат, а што не смеат да прават ликовите во истоимените филмови.

 

Дејвид Лори, режисерот на „Pete’s Dragon“ од 2016 година, во интервју за “Ain’t It Cool News” откри дека кога се потпишува договор со “Disney”, во договорот стои дека во филмот не смее да има обезглавување, набодување и пушење.

Претседателот на компанијата Боб Ајгер во 2015 година ги забрани сцените со пушење во филмовите на „Disney“ освен во некои случаи кога тоа е потребно поради историска автентичност на приказната.