Тристан со прекрасна порака до Клои Кардашијан

После неколку месеци откако медиумите пишуваа за бременоста на Клои Кардашијан, Тристан и Клои конечно објавиа дека го чекаат своето прво дете.

И додека фановите им честитаа, Клои на сите им се заблагодари и призна дека била многу нервозна поради оваа објава, а Тристан сите додатно ги воодушеви со една прекрасна порака.

Љубов моја, ти благодарам што ми дозволи да бидам дел од твојот животен пат и тоа што ги делам овие моменти со тебе. Тоа е нешто што засекогаш ќе го паметам. Девојко, сега изгледаш подобро – напиша кошаркарот.

Додаде и како е сигурен дека ќе биде одлична мајка, а на многу посебно им се допадна што јавно ја подржа Клои која во минатото имаше проблем со вишокот килограми и се соочуваше со напади поради тоа.

Иако сеуште не е потврдено се шушка дека парот очекува син.