Тристан фатен како ја изневерува Клои Кардашијан

Додека голем број на медиуми пренесуваат дека Клои Кардашијан е веќе во болница, каде што треба да го донесе на свет првото дете, нејзиниот партнер Тристан Томпсон фатен е како ја измами со мистериозна бринета.

Странските медиуми дојдоа до фотографија од Тристан додека бакнуваше непозната девојка. Сликата ја направила една жена што седела на маса до него.

„Бев таму. Тој беше на масата до нас, со група на пријатели и девојката со која се бакнуваше цела ноќ, ”, рече жената.

Набргу по оваа фотографија, TMZ објави видео во кое јасно е дека Тристан бакнува две различни девојки. Видеото е направено во почетокот на октомври, кога Клои веќе беше во третиот месец од бременоста.